Раул ја „спушти завесата“ на подготовките и го откри најголемиот проблем! (ГАЛЕРИЈА)

ehf nedela raul nametki 2017

Македонската ракометна репрезентација ја финишираше првата фаза од подготовките за Европското првенство во Хрватска, кое е на програмата во јануари 2018 година.

По денешниот тренинг во СРЦ Кале, Шпанецот за „Дерби“ изјави дека е задоволен и дека на собирот во декември повторно ќе има играчи што ќе бидат упатени во она што тој го сака, а тој ќе може да бира меѓу оние што ќе бидат во најдобра форма.

ДЕРБИ: Колку беше конструктивна оваа ЕХФ недела, без натпревар?

– За мене ова беше најдобрата ЕХФ недела. Можевме да тренираме многу, кога играш не можеш да тренираш. Мислам дека нашиот најголем проблем е што размислуваме како репрезентација, а не како екипа. Разликата е таму, треба да бидеш конкретен. Би сакал да играме одбрана и 6-0 и 5-1, но за тоа треба време, а сега имавме и неколку повредени играчи. Сепак, задоволен сум, имавме шанса да тренираме повеќе.

ДЕРБИ: Имавте неколку нови лица, левиот бек Горан Крстевски, голманот Јане Цветковски, а тука беа и младите Велковски и Поповски?

– Сите ќе добијат шанса, потребно е да имаме листа од некои 22-23 ракометари со кои ќе работиме, за потоа да можат да патуваат оние што се најподготвени, што не се повредени. Сега ситуацијата е ваква, а каква ќе биде во декември никој не знае. Затоа мора да бидеме подготвени.

ДЕРБИ: Во оваа ЕХФ недела мошне забележителен е двомечот на Словенија и Хрватска. Го гледавте ли првиот натпревар?

– Да, секако, бидејќи нашиот прв натпревар на Европското првенство ќе биде со Словенија. Би рекол, многу интензивно! Словенија беше јака, но очекувам да биде поинаку кога ќе играат официјален натпревар.

chevron-right chevron-left

Facebook Коментари