Свет
Галатасарај сака да ја доведе и ѕвездата на Јунајтед
Галатасарај успешно ја заврши операцијата за доведување на Виктор Осимен од Наполи, играч кој актуелнава сезона ќе ја мина на позајмица во Истанбул.
Откако тој трансфер е комплетиран, турскиот првак има нова цел, а тоа е ангажманот на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Касемиро. Галатасарај разгледува опции како може да дојде до искусниот играч за врска кој претрпе многу критики за настапот на дербито со Ливерпул каде беше заменет по првото полувреме.
Јунајтед веќе го доведе Мануел Угарте и кога тој ќе биде подготвен прашање е каква улога ќе има Касемиро и токму ова може да му ги отвори вратите на турскиот великан да дојде до потписот на трофејниот играч.
Играчот за врска има огромна плата, плата која Галата не може да си ја дозволи и Јунајтед ќе треба да помогне, да плати дел од истата ако дојде до трансфер, позајмица.
Трансфер пазарот во Турција е отворен до 13 септември што значи има доволно време за активности и реализација на зделката.
-
Англијапред 17 часа
По Костиќ, Мурињо ќе ја спасува и пропаднатата ѕвезда на Јунајтед вредна 95 милиони евра
-
Лига на нациипред 12 часа
Мајсторија на напаѓачот: Словенечкиот коментатор „полуде“ по слаломот на Шешко (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Зидан објасни зошто не сака да го преземе Јунајтед: Јас работам на поинаков начин…
-
Италијапред 23 часа
Првиот човек на Фиорентина: Кој направи добар бизнис? Јувентус го продаде Киеза…
-
Лига на нациипред 13 часа
Ван Дајк го изигнорира националниот колега од Јунајтед, видеото стана вирално
-
Европски првенствапред 21 час
Надежите го решија Гибралтар за трета радост во квалификациите за ЕП (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Родриго призна дека знае да се налути: Повремено се чувствувам како да „пополнувам дупки“ во Реал
-
Шпанијапред 23 часа
„Кралевите“ имаат план: Реал „мерка“ две ѕвезди за наредното лето