Поврзете се со нас

Свет

Галатасарај невкусно го истрола Мурињо, Португалецот се чудеше (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Жозе Мурињо го загуби првото големо дерби во турскиот фудбал против Галатасарај, откако популарните „лавови“ му одржаа фудбалска лекција на неговиот Фенербахче.

Актуелниот првак славеше со 1:3 на гостувањето кај лутиот ривал и реши брзо да му фаќа сеир на искусниот португалски стручњак, така што реши да го преименува од „специјален“ во „плачко“.

Во објавата на Галатасарај се алудира на книга која навоедно е посветена на тренерот на Фенербахче, а на прикажаната слика го има напишано следниот текст:

– Ќе бидете изненадени од менталните ритуали што треба да се извршат додека читате. Целосен мајстор за плачење. Психозата што ја доживува авторот кога зборува за буквите ве тера да се смеете и да плачете. Авторот вешто ги отсликува привилегиите што му се доделени со ефект на огледало.

– Тој успешно ги комбинира перцепциите на реалноста со неговиот фантастичен свет. Оној што плаче ќе има сосема поинаква перспектива на законот за границите на фудбалскиот терен, – се вели во објавата на Галатасарај.

Оваа објава беше објавена веднаш по дербито, па еден новинар во подтрибинскиот простор побара реакција од Мурињо:

– Дали си сериозен дека го објавиле тоа? Немема што да коментирам……, – изјави Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни