Англија
Галас за потенцијалното засилување за Арсенал: Тој ќе влезе во конфликт со Артета

Арсенал нема среќа со повредите во оваа сезона, па ќе мора истата да ја заврши без дел од играчите како Хаверц, Жезус и Томијасу.
„Топчиите“ како повредени во офанзивата ги имаат Сака и Мартинели и токму поради сето ова имаше одредени информации за засилувања, односно играчи кои се слободни и би можеле да помогнат до крајот на кампањата.
Меѓу оние имиња кои беа ставени на маса беше и она на некогашниот напаѓач на Челси, Атлетико Мадрид, Рајо Валјекано и Вулвехемптон, Диего Коста кој има 36 години.
Колку е подготвен и фит Бразилецот со шпански пасош е знак прашање, но и да е се во ред според Вилијам Галас премиерлигашот нема потреба да ризикува со негов потпис.
-Диего Коста е голем лик кој може да биде добар за вашиот тим кога треба да се крене атмосферата. Сепак, можам да го видам како се судира со Микел Артета. Тој нема да се вклопи во расположението во клубот и мислам дека ќе тргне во погрешна насока. Иако им треба напаѓач. Навивачите на Челси исто така би биле незадоволни. Мислам дека тој би го одбил потегот поради неговата историја таму и како би реагирале навивачите, -истакна Галас.
-
Лига на нации20 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации21 час
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Лига на нации20 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)