Поврзете се со нас

Англија

Галас за играчот кој може да си замине од Челси: Тој прави многу повеќе од Каиседо и Фернандез

Објавено

на

Вилијам Галас добар дел од својата кариера мина во дресот на Челси, тим со кој успеа да освои неколку премиерлигашки и куп титули, па тој и ден денеска со внимание прати се што се случува на „Стемфорд Бриџ“.

„Сините“ и во актуелнава сезона не блескаат, резултатите не се на посакуваното ниво, но и во тоа „сивило“ има играчи кои заслужуваат комплименти, а еден од нив е Конор Галагер. Играчот од средината игра константно, дава се од себе, меѓутоа и покрај се тој може да си замине од „Стемфорд Бриџ“ по крајот на оваа сезона.

Клубот се уште не може да пронајде заеднички јазик за продолжување на соработката, плус тука се и финансиските причини, фер-плеј правилата кои го притискаа премиерлигашот и може лесно да се случи англискиот репрезентативец да ја напушти сегашната средина.

-Дали Челси треба да го продаде Конор Галагер? Кога ќе потрошите 100 милиони фунти плус на играчи како Енцо Фернандез и Моисес Каиседо, тие ќе имаат големи очекувања и очекувате да водат на теренот. Тоа не се случило, тие се уште се млади. Конор Галагер е дете на Челси, тој не го чинеше клубот пари и навивачите го сакаат поради неговата посветеност на теренот.

-Галагер трча многу, ви требаат играчи како него, ако го споредиш со Енцо и Каиседо е сосема поинаков. Галагер прави повеќе за Челси од другите двајца, ако мора да го напушти клубот, навивачите ќе се вознемират, но ќе сфатат зошто мора да замине, поради финансискиот фер-плеј. Тешко е да се разбере како Челси се стави во таа позиција, управниот одбор направи грешка што потроши толку многу пари што сега треба да се потпира на продажба на домашни играчи, -истакна Галас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни