Поврзете се со нас

Англија

Галас за грешката што ја прави Покетино: Тој не е играч за таа позиција…

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Челси требаше да се бори за врвот на табелата во оваа сезона, но и покрај сите засилувања, вложени средства тимот е далеку од очекувањата и во моментов е дури на 12 позиција во Премиер лигата.

„Сините“ се мачат да влезат во првата половина, десетка, па дури и неможат да совладаат ривал кој е со играч помалку како примерот со Барнли кој во таква ситуација дури им даде и два гола, па погоди и статива за славје од 3-2.

Сето ова кажува многу за премиерлигашот за кого Вилијам Галас имаше директни критики за управата, но и за тренерот Маурисио Покетино кој според Французинот прави и една голема грешка кога се во прашање позициите на играчите, конретно со Конор Галагер.

-Галагер има различни квалитети и околу него треба да ставите играчи кои можат да ја направат разлика. Тој не е плејмејкер, тој е играч од средниот ред кој освојува топки, физички може да трча многу и да притиска многу високо. Тоа значи дека околу него ви требаат играчи со различни квалитети, како плејмејкер кој може многу брзо да игра меѓу редови, давајќи добри асистенции.

-Галагер не го прави тоа и затоа не му оди на Челзи со него на таа позиција. Изгледа дека тројцата играчи, Галагер, Каиседо и Енцо  навистина не се совпаѓаат еден со друг. Тоа е проблем, па покажува како, на ниво на управа, тие навистина немаат никаква визија и само купуваат играчи за да купат играчи.

-Не купувајте вакви играчи, кога купувате играчи треба да знаете дали тој ќе се вклопи во тимот и дали тоа ќе се најде со другите играчи. Овој проблем покажува дека управата немала стратегија, -порача Галас.

Челси вечерва е домаќин на Манчестер Јунајтед во средбата која започнува од 21:15 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни