Поврзете се со нас

Англија

Галас за фалената ѕвезда на Арсенал: Смирете се малку, има четворица подобри играчи од него во ПЛ

Објавено

на

foto: tothelaneandback.com

Вилијам Галас долги години настапуваше во Англија, Премиер лигата играјќи за клубови како Челси, Арсенал и Тотенхем, па со оглед на неговото искуство знае да согледа некои работи, да направи анализа и истата да ја презентира пред пошироката јавност.

Во последно време доста се говори за Вилијам Салиба од Арсенал особено по квалитетниот настап против Манчестер Сити, дерби средба на која „топчиите“ се изборија за победа. Салиба се справи со Ерлинг Халанд и доби доста комплименти што е само надополнување на она што го прави откако доби вистинска шанса во сезоната 2022/2023.

Галас го цени неговито сонародник, меѓутоа смета дека треба да се намали со пофалбите, големите зборови за играчот, поточно смета дека треба уште да работи, постигне за да биде светска класа.

-Ајде малку да се смириме околу Салиба. Тоа е проблем со современите медиуми и ваквата дискусија не е добра за играчите. Некои од нив не можат да се справат со тој притисок. Ми се допаѓа Салиба и мислам дека тој е навистина добар играч, но што се однесува до мене, најдобрите дефанзивци во светот мора да играат во своите репрезентации и да бидат константа во нивните почетни 11.

-Салиба сè уште не е стартер за Франција, но кога тој е во составот и ќе се претстави исто како и на клупско ниво, тогаш можеме да разговараме за него како најдобар дефанзивец во светот. Во моментов тој би можел да биде еден од најдобрите дефанзивци во Европа. Има разлика, -рече Галас кој издвои четири имиња од ПЛ пред Салиба.

-Тиаго Силва ми доаѓа на памет кога размислуваме за стопери од светска класа. Тој беше одличен во минатото, одличен и е сега, дури и на негова возраст. Ми се допаѓа и Јошко Гвардиол, одличен пример за играч кој веднаш се прилагодил на новиот систем. Погледнете како игра сега во споредба со тоа како играше во РБ Лајпциг – начинот на кој се адаптираше е неверојатен и тој е дефанзивец од светска класа.

-Тука е и Рафаел Варан. Можеби моментално не е во најдобро издание, но она што го постигна зборува само по себе. Вирџил Ван Дајк е исто така одличен, дури и ако не е ист од неговата повреда. Тогаш беше од врвна класа, но сега прави некои грешки. Тој не е совршен, но сепак е многу добар. Би рекол дека тоа се стопери од светска класа на кои можам да се сетам, -порача Вилијам за „Лорд Пинг“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни