Поврзете се со нас

Англија

Галас со порака до препородениот „воин“ на Челси: Тухел му ја спаси кариерата, треба да му се заблагодари

Објавено

на

Вилијам Галас е еден од ретките странски фудбалери кои можат да се пофалат дека играле за трите омразени ривали во Лондон, но реалноста вели дека најубавите фудбалски денови ги мина на „Стемфорд Бриџ“ каде ги освои најважните трофеи во кариерата со Челси.

Францускиот дефанзивец не освои ниту една титула во етапите во Арсенал и Тотенхем, но и самиот е свесен дека историјата продолжува во ист тренд и по крајот на неговата играчка кариера, бидејќи Челси во овој момент е далеку подобар тим од двата ривали од Северен Лондон.

Во своето последно обраќање, Галас посебен акцент стави на Томас Тухел кој успеа да го препороди тимот кој изгледаше конфузно под водство на Френк Лампард, но издвои и еден играч кој најмногу напреднал, но истовремено треба да му биде благодарен само на германскиот стручњак.

– Ако треба да се издвои еден играч кој беше фантастичен по доаѓањето на Тухел, тоа е Ридигер. Тој одигра неверојатно добро, на врвно ниво. Беше силен во секоја смисла и мора вечно да му биде благодарен на Тухел. Откако дојде Томас, гледаме друг Ридигер, со актуелниот Антонио, може да одите во војна.

– Стана многу важен за Челси и се претвори во вистински воин. Тухел му ја спаси кариерата во Челси, ако продолжи вака, може да игра на исто ниво како Ван Дајк, сигурен сум во тоа, – потенцира Галас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни