Поврзете се со нас

Англија

Галас со критики за Мареска и Челси: Како да се вратив во 1980…

Објавено

на

Челси загуби од Арсенал со 1-0 во градското дерби во Премиер лигата, но и покрај тоа „сините“ останаа на четвртата позиција која носи место во Лигата на шампионите во наредната сезона.

На „сините“ им недостасуваа неколку важни играчи на ова соочување, меѓутоа без разлика на тоа се очекуваше повеќе од нив и затоа добија критики како играчите така и тренерот Енцо Мареска за неговата тактика.

-Се играше човек на човек насекаде на теренот, бев изненаден што Рис Џејмс играше како играч од средниот ред и беше како да се вратив во 1980 година. Ние сме во 2025 година, како можете да го побарате тоа од вашите играчи? Дефанзивците Бадијашил и Колвил изгледаа исплашено на топката и со поголем притисок, Арсенал можеби ќе дадеше втор гол, голот што го постигнаа беше од корнер.

-За мене беше досадно, особено за едно лондонско дерби. Играв толку многу од тие натпревари и беше поинтензивно. Навивачите сакаат да ги видат играчите како се борат, трчаат и предизвикуваат, но ништо не се случи, -истакна Вилијам Галас кој во минатото настапуваше за двата клуба.

-Гледајќи го настапот против Арсенал, би рекле дека на Челси ќе беше подобар со Маурисио Покетино. Она што го видов за Челзи против Арсенал, системот и како тие играа, бев малку разочаран. Но, во моментов мислам дека Енцо Мареска е на вистинскиот пат, тие се уште се на пат да се квалификуваат за Топ 4. Понекогаш сопствениците на големите клубови не се трпеливи. Новите сопственици донесоа многу одлуки до сега кога не гледаа резултати, сега останува на Мареска да покаже дека тој е менаџерот што го бараше Челси, -дополни Французунот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни