Англија
Галас му пресуди на летното засилување: Не смее да остане во Челси

Вилијам Галас е легендарен француски фудбалер кој своевремено ги носеше дресовите на двата великани од Лондон, односно најпрво настапуваше за Челси пред да ја облече униформата и на Арсенал.
По пет години во Челси и четири во Арсенал, Галас на крајот играше и за Тотенхем со што предизвика и фудбалски земјотрес во Северен Лондон, но како фудбалер кој може да се пофали со големо премиерлигашко искуство, си даде за право да коментира одредени случувања од вчерашното дерби.
Арсенал го победи Челси на домашен терен со минимални 1:0 и во позитивна атмосфера замина на репрезентативна пауза, а од се видено на дербито, Галас посебно се фокусираше на Џејдон Санчо, фудбалерот кој посебно разочарува во вториот дел од сезоната.
– Џејдон има голем талент, сите го знаеме тоа, но едноставно не може да дава перформанси какви што очекувате на секој меч. Во Дортмунд беше извонреден, а во Манчестер Јунајтед работите не функционираа за него. Тој пристигна во Челси изминатово лето и на почетокот го гледавме Санчо од Дортмунд.
– Сепак, како што одминуваа месеците, така тој исчезнуваше. Едноставно не постои на теренот, не знам кој е проблемот со него. Од тоа што го гледам, тој не смее да остане во Челси, мора да нуди многу повеќе од тоа што го нуди. Кога играте во Премиер лигата, мора да давате перформанси од коло во коло. Не може да бидете добар само неколку кола, а потоа да ве нема нигде,- потенцира Галас.
-
Македонија23 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија21 час
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија9 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија4 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија8 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите