Поврзете се со нас

Англија

Галас директен: Стерлинг е виновен за тоа што му се случи во Челси

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChelseaFC

Рахим Стерлинг ја промени клупската средина во летниот преоден рок и од еден лондонски клуб се пресели во друг или поточно Челси го замени со Арсенал.

Офанзивецот заедно со уште неколку други играчи од кои дефинитивно се издвојува и името на Бен Чилвел беше „замрзнат“ од менаџерот Енцо Мареска кој им порача дека не му се потребни, односно дека можат да си пронајдат нов клуб.

За дел од јавноста овој потег на Мареска предизвика реакции, коментари од проста причина дали играчкиот кадар со кој располага на тие позиции е подобар од Стерлинг и Чилвел. Рахим на крајот заврши на позајмица во Арсенал каде ќе има шанса за нов живот по епизодата на „Стемфорд Бриџ“ која не беше позитивна затоа што дефинитивно се очекуваше повеќе од него.

Според Вилијам Галас кој во минатото беше дел од „сините“ самиот играч е виновен за тоа што на крајот му се случи во Челси.

-Понекогаш играчите треба да се обвинуваат себеси кога работите не функционираат во нивниот клуб. Рахим Стерлинг беше во ситуација во која беше во Челси затоа што не настапуваше добро две години. Тој не постигна или создаде доволно голови и новиот менаџер го гледам и донел одлука дека не го сака во својот тим, тоа не е вина на менаџерот.

-Сега сите се заинтересирани да видат како ќе функционира во Арсенал и понекогаш играчите треба да ја почувствуваат љубовта на нивниот менаџер за да го извлечат најдоброто од нив. За мене лично, не требаше да го чувствувам тоа од менаџер. Дури и ако менаџерот не ме сакаше, морав да се погрижам да играм доволно добро за да не може да си дозволи да ме стави на клупата, -истакна Французунот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни