Поврзете се со нас

Англија

Галас: Челси направи голема грешка што не го донесе Роналдо…

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Челси веќе некое време е во транзициона фаза, период во кој се мачи да фати континуитет и биде конкурентен за титули и покрај тоа што многу пари се вложуваат во екипата.

Има доста турбуленции и во актуелнава сезона во која „сините“ се дури во вториот дел на табелата, а единствената шанса за трофеј им е ФА Купот каде ќе мора да минат уште неколку пречки што нема да биде едноставна мисија.

Вилијам Галас добар дел од кариерата мина на „Стемфорд Бриџ“, па и на него му е тешко што клубот е во ваква ситуација, но според него „сините“ се сами виновни со тоа што една од грешките спроед него е тоа што не бил ангажиран Кристијано Роналдо кога беше јасно дека неговата епизода во Манчестер Јунајтед е завршена.

-Челси направи грешка што не го ангажираше Кристијано Роналдо. Тој беше достапен за потпис и Челси ќе беше добар клуб за него. Сите знаат колку може да биде важен Роналдо во соблекувалната, носи победнички менталитет и тоа можеше да биде од корист за тимот. Тоа беше грешка на Челси, -истакна Галас кој смета дека и ангажманот на Виктор Осимен нема да помогне премиерлигашот да „експлодира“.

-Виктор Осимен во Челси? Еден играч нема да ја направи разликата и да ги промени работите. Дури и ако купат еден напаѓач, мора да бидете сигурни дека играчите околу него имаат квалитет да му делат топки на тој напаѓач. Составот е многу млад, па следната година може да видиме подобрување во тимот и тие да се натпреваруваат за Премиер лигата.

-Мора да видиме колку голови ќе постигне Николас Џексон, има осум во моментов. Ако Џексон не може да достигне 15 или повеќе голови во Премиер лигата, тогаш на Челси му треба врвен напаѓач, бидејќи во моментов го нема. Џексон мора сега да се докаже. Доколку не постигне меѓу 15 и 20 голови во Премиер лигата, тешко ќе го задржи местото во тимот следната сезона. Челси ќе доведе нов напаѓач. Тој мора да ги искористи своите можности сега, додека ги има, треба да работи многу напорно и да стане поконзистентен. Тоа е она што е потребно за да се игра во голем клуб како Челси, -заклучи Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни