Поврзете се со нас

Англија

Галагер за заминувањето од Челси: Тоа не беше одлука на Мареска

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Конор Галагер отпадна од новиот проект на Челси и покрај тоа што беше најдобар играч во првиот тим минатата сезона, одлука од која незадоволни останаа голем број фанови и поранешни легенди на клубот.

Дететото кое од најмали нозе играше за Челси доби забрана да тренира со првиот тим и беше продаден во Атлетико Мадрид, па Галагер сега направи една мала ретроспектива за сите случувања со ладна глава, потсетувајќи дека клубот сакаше да го продаде уште минатиот месец јануари.

Конор нема никакви забелешки за новиот менаџер Енцо Мареска бидејќи смета дека тоа не било негова одлука, а дополнително вели дека и тој бил охрабрен да направи трансфер откако клубот донел неколку играчи на негова позиција, и тоа со договори кои траат по шест или седум години.

– Мислам дека немаше ништо лично од Мареска, тоа не беше негова одлука. Минатата сезона бев добар во Челси, играв на секој меч за Покетино и му благодарам за довербата која ми ја укажа. Фановите го ценеа тоа и покажаа што мислат за мене.

– Челси реши да прави свои одлуки и донесе неколку врвни играчи со многу долги договори. Тоа не сакаа да го направат со мене и беше јасно што следи. На крајот, сметам дека е добро за сите тоа што се случи. Почнав и јас да ја гледам пошироката слика и веднаш се возбудив кога дознав за интересот од Атлетико Мадрид, – открива Галагер.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни