Поврзете се со нас

Шпанија

Галагер и Алварез со првенци во Ла Лига ја продожија мизеријата на Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Атлетико Мадрид останува тим кој аспирира за највисок пласман и оваа сезона во Ла Лига, бидејќи непоразениот тим на Диего Симеоне денеска ја запиша третата победа и се израмни на табелата со Реал Мадрид и Вилјареал.

Барселона е единствена перфектна на стартот на сезоната и успеа да избега четири бода во оваа фаза од месец септември, но Атлетико засега го одржува чекорот и вечерва оствари триумф кој беше неопходен.

„Душекџиите“ ја продолжија мизеријата на очајната Валенсија која е последна на табелата во шпанската Ла Лига, па така „лилјаците“ остануваат со само еден освоен бод и по гостувањето на „Метрополитано“.

Конор Галагер со својот првенец во дресот на Атлетико го отвори резултатот во првиот дел и донесе заслужена предност за домаќините, а на самиот старт на вториот дел, Гризман со доста среќа стигна до топка во шеснаесетникот и зголеми на 2:0.

Атлетико во продолжение ја умртви играта и се чинеше дека се задоволи со 2:0, но една грешка на Пепелу резултираше со контра на домашниот тим, по која првенец постигна и Хулијан Алварез во 94-та минута за конечни 3:0.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни