Англија
Гакпо фрапиран од рекордерот во Ливерпул: Сведоци сме на нешто специјално
Мохамед Салах постави нови стандарди во Премиер лигата со учинокот кој го оствари пред Божиќ, бидејќи Египќанецот стана првиот играч во историјата кој стигна до двоцифрен учинок на голови и асистенции пред овој празничен период во Англија.
Салах е вистински лидер на лидерот во Премиер лигата и директно учествуваше во 26 голови од стартот на сезоната, па билансот од 15 голови и 11 асистенции прави да има историски учинок каков што немал никој претходно во историјата.
Овие бројки доволно говорат дека Салах игра во врвна форма на 32-годишна возраст, а покрај фановите, импресионирани од игрите кои ги прикажува се и неговите соиграчи.
– Сведочиме на нешто специјално. Неверојатен е бројот на голови кои ги постигнува, но истото важи и за асистенции. Начинот на кој игра е импресивен, бидејќи покрај постигнатите голови, успеава да ги разигра сите околу себе.
– За доброто на тимот, се надевам дека ќе продолжи да го прави ова уште долго време. Среќни сме и почестени што го имаме во нашиот тим, се надеваме дека ќе остане подолго од тоа што се вели во неговиот актуелен договор, – вели Гакпо кој со оваа изјава изврши мал притисок кон управата на клубот.
-
Англија10 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија17 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија16 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Македонија12 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација5 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Италија16 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
Шпанија3 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Аморим издвои еден играч од својот тим кај кого забележал сериозен напредок: Тој е добар пример за сите