Гајиќ го избра спортскиот директор на Вардар во својата идеална ракометна „седморка“

Dragan-Gajic1

Словенечкиот ракометар Драган Гајиќ во моментов му е соиграч на нашиот репрезентативец Дејан Манасков, а се најде во центарот на вниманието на медиумите поради својот избор на идеален тим на ракометари кои играат, или играле со него во текот на долгата и успешна кариера.

Легендарното крило и поранашен словенечки репрезентативец го избра актуелниот спортски директор на Вардар, Едуард Кокшаров во најдобрата „седумка“, a двајцата играа заедно во редовите на Целје Пивоварна Лашко. Тука се уште и Мирза Џомба, Тјери Омејер, Ивано Балиќ, Никола Карабатиќ, Ласло Наѓ и Хулен Агинагалде.

Гајиќ имаше тешка задача да се одлучи за најдобрите, па затоа понуди и втора најдобра седморка, е таа е составена од Урош Зорман, Јуре Доленец, Сергеј Рутенка, Мишел Гигу, Ласе Сван, Исам Теж и Дејан Периќ.

Facebook Коментари