Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гаџа знае што му е потребно на Вардар за бодови во Загреб

Објавено

на

Екипата на Вардар оваа календарска година кога е во прашање Лигата на шампионите ќе ја заврши со дуел против ППД Загреб во Хрватска.

Оваа средба се игра во среда од 20:45 часот и дефинитивно е добра можност за „црвено-црните“ конечно да стават крај на серијата порази во елитната ракометна конкуренција.

Меѓутоа од друга страна Загреб во последно време ја крена формата и бележи подобри резултати што значи оти четата на Веселин Вујовиќ ќе треба добро да се потруди, испоти за да со позитивен резултат се врати во Скопје.

-Не очекува двобој во Загреб, последен меч во ЛШ за оваа година. Сите се надеваме дека ќе одиграме добар натпревар и во добро расположение ќе се вратиме во Скопје.

-Загреб ја подигна својата форма, во последниот период собра многу бодови и затоа треба да бидеме борбени, сконцентрирани и првенствено подготвени за нивната одбрана од која знаат да повлечат. Треба да одиграме паметно и на чело со нашата одбрана можеме да се надеваме на бодови, -истакна бекот Анте Гаџа.

Вардар по 9. кола има 5 бода и е пред Загреб кој има 4 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни