Гачевски: Во Тетово е -8, нека си купат дрва за да не им студи

gacevski

Екипата на Вардар е најдобриот тим во првата македонска фудбалска сезона во есенската полусезона, односно има осум бода повеќе во однос на најголемиот ривал Шкендија.

Токму ова беше повод за капитенот на „црвено-црните“, Филип Гачевски да испрати една порака во свој стил по денешното реми со Шкендија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

-Иако многу не веруваа во нас од самиот почеток, ние верувавме, веруваа нашите навивачи, нашиот стручен штаб и луѓето кои го водат клубот. Во Скопје во моментов е плус осум, а во Тетово минус 8 и ќе мора да набават дрва за зимава да не им е ладно. Комити и Војводи браќа засекогаш, Вардар е светост, Вардар е гордост, Вардар е Македонија, -порача Гача преку социјалните мрежи.

Facebook Коментари