Гачевски: Работнички е екипа за респект, но нашата цел се трите бода

gacevski

Утре на Националната Арена „Филип Втори“ се игра градското дерби меѓу Работнички и Вардар во рамките на 6. коло во првата македонска фудбалска лига.

Двата состави добро се познаваа и почитуваат, но голманот на „црвено-црните“,  Филип Гачевски верува дека трите бода ќе завршат на нивното конто.

-Играме дерби против Работнички, градско дерби кое што сметам дека ќе го одлучуваат повторно ситници после минатите натпревари. На овие мечеви не победуваат тимовите кои ќе ги искористат шансите и кои ќе бидат помотивирани. Работнички е екипа за респект, загубија минатото коло и сега сигурно ќе сакаат да се поправат. Меѓутоа нашата цел е три бода и ќе дадеме се од себе да ја исполниме. Атмосферата во екипата е одлична, и сите сме подготвени за  уште еден триумф, -рече Гачевски за официјалниот веб сајт.

Facebook Коментари