Поврзете се со нас

Македонија

Гачевски по пет години си заминува од Вардар: За жал дојде и тој момент, сакам да ме паметите…(ФОТО)

Објавено

на

Филип Гачевски во наредната сезона нема да биде дел од најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар.

Популарниот Гача по пет минати години во „црвено-црниот“ дрес ќе побара нов предизвик во својата кариера, а оваа информација ја соопшти самиот тој преку социјалните медиуми.

-Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!! Еден живот – една љубов, -стои во дел од статусот на Гачевски на Фејсбук.

Кој е новиот клуб на голманот се уште не е познато, исто како и судбината на Вардар кој според одредени информации ќе тргне со помал буџет за да го избегне најлошото, ама останува да почекаме потврда за овие вести.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни