Македонија
Гачевски огорчен: Македонскиот фудбал умре во Кратово, но Господ е голем (Фото)

Вардар вложи максимални напори за да направи пресврт во завршниот дел од сезоната и успеа да победи во дербито со Воска Спорт, но на крајот не дочека услуга од тимот кој го победи во претпоследното коло.
„Црвено-црните“ го комплетираа извонредниот финиш на сезоната со победа и над тимот на Кораб од 2:1, но фактот што не одлучуваа сами и покрај триумфите над Воска и Силекс направија да дочекаат болен епилог.
Вардар чекаше услуга од Силекс во Кратово, но на крајот немаше таков епилог и со мируљобиво реми од 1:1, Воска Спорт го обезбеди второто место на табелата и бараж дуелот за влез во Првата лига.
Воска Спорт ремизираше со Силекс на теренот, но пред натпреварот, одработи и шампионски шпалир за тимот кој прв обезбеди пласман во елитното друштво. Овие случувања не наидоа на одобрување во Скопје, па така капитенот на Вардар се јави со бесен став на социјалните мрежи.
– За нас за жал заврши сезоната како што е. Дадовме максимум труд и срце на терен .Фудбалот носи среќа и фудбалот понекогаш е суров. За жал она што се случуваше оваа сезона во Втората лига – Запад е незапаметено. Сакам да потенцирам дека однапред се знаеше се! И за крај денес во Кратово умре македонскиот фудбал и фудбалската игра. Силекс Кратово Господ е голем !! Вардар бил и ќе биде најдобар клуб во Македонија, – порача Гача.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 24 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 21 час
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место