Поврзете се со нас

Македонија

Гачевски и Михајлов со мотивациски говор ја загреваат атмосферата за „финалето“ во Струмица (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Вардар втора година по ред се дел од еден бараж меч за место во Првата лига, а овојпат нивни противник ќе биде тим кој се натпреваруваше во Втората лига.

Вардарци пред една година направија скок од Втора во Прва лига откако го совладаа Скопје на натпреварот во Кавадарци, но сега треба да го оправда статусот на прволигаш во дуелот со Детонит од Плачковица.

После новата турбулентна сезона, Вардар се избори за бараж натпревар и истиот има значење на финале, па јасно е дека попладнево ќе има голем влог на мечот во Струмица.

Капитенот Филип Гачевски и тренерот Горазд Михајлов се погрижија да има и емотивна најава за клучниот меч, па нивните мотивациски говори сигурно ќе бидат дополнителен потстрек да се оствари посакуваната цел.

Натпреварот се игра на најубавиот фудбалски стадион во Струмица, со почеток во 17:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни