Поврзете се со нас

Англија

Габриел: Постои еден клуб за кој би потпишал уште утре

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Бразилскиот дефанзивец Габриел Магалаеш стана важен дел од составот на Арсенал кој за малку остана без титулата во Премиер лигата и сигурно има гарантирана иднина на „Емирејтс“, но признава дека постои еден клуб за кој би потпишал во секој момент.

26-годишниот дефанзивец открил дека постои еден клуб кого го почитува повеќе од Арсенал, а тоа е Коринтијанс.

–  Коринтијанс има посебно место во мојот живот уште од раѓањето и тоа чувство никогаш нема да исчезне.

– Тоа е мојот сон, сакам да играм за Коринтијанс, сакам да ја почувствувам таа енергија.

– Ако мене ме прашувате, уште утре би заминал во Коринтијанс, сакам што побргу да ја почувствувам неверојатната атмосфера која ја прават навивачите, – рекол Габриел, кој е роден и израснал во Сао Пауло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни