Поврзете се со нас

Шпанија

Габри не крие дека е повреден: Пике ме разочара

Објавено

на

Покрај тоа што е фантастичен професионален фудбалер, Жерард Пике во последно време одлучи да се впушти и во бизнис водите, па покрај тоа што го организираше првото издание на новиот формат на „Дејвис Купот“, стоперот на Барселона стана сопственик на нисколигашот Андора.

Пике има огромни амбиции со овој клуб и сака со текот на времето да го одведе до елитното друштво, но во ситуација кога Андора се натпреварува во третата лига, Жерард како претседател и лидер донесе една доста тешка одлука. Пике му врачи отказ на Габриел Франциско Гарсија, или за јавноста многу попознат само како Габри, човек кој во минатото дури седум години настапуваше за првиот тим на Барселона и кој е продукт на „Ла Масија“.

Ваквиот епилог се случи пред почетокот на глобалната криза со коронавирусот, а сега Габри не крие дека е разочаран од професионалниот однос на стоперот на Барса.

– Навистина многу тешко ми падна одлуката, која очигледно ја донесе Пике. Првично бев исконтактиран од директорите на клубот, а дури после од Пике. Тој го имаше последниот збор и мора да кажам дека многу ме разочара. Останав разочаран од неговата професионалност. Загубив три меча и одлучија да ми дадат отказ. Овој тим беше создаден брзо и планот беше да играме во трета лига и да се бориме за влез во втора. Многу брзо заклучија дека не можам да ја променам ситуацијата и тоа ме повреди, – открива Габри за „РАЦ1“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни