Поврзете се со нас

Репрезентација

Футсалците не реализираа пенал и со пораз од Босна ги стартуваа квалификациите за ЕП

Објавено

на

Македонските футсалци со пораз го отворија новиот квалификациски циклус за пласман на Европско првенство, откако вечерва во доста тесен натпревар загубија од Босна и Херцеговина со 2:1.

На гостувањето во Зеница, футсал селекцијата ги пропушти своите шанси за подобар резултат и враќање без пораз, а не реализираше и пенал пред крајот на првото полувреме кој можеше да биде најава за многу повеќе тензија на теренот.

Домаќинот Босна постигна два гола во првите 20 минути преку Јосип Бошковиќ, а пред истекот на истите, Македонија пропушти да се врати во игра со промашен пенал.

Македонија успеа да намали на 2:1 преку Драган Петровиќ по две минути игра во второто полувреме, но за жал, до крајот не успеа да се избори барем за реми откако мрежите мируваа во наредните 18 минути во Зеница.

По овој меч, следен предизвик за нашите футсалци е селекцијата на Романија која на 3-ти февруари гостува во Македонија, откако вечерва одигра 2:2 против Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни