Поврзете се со нас

Репрезентација

Футсал репрезентацијата загуби од Франција во првиот контролен меч

Објавено

на

Македонската футсал репрезентација беше поразена со 5:3 од селекцијата на Франција до 23 години во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Нашите играчи одиграа отворен натпревар, во кој видовме многу можности и 8 постигнати голови.

Противникот успеа да поведе со 1:0 преку Пауло Базилио Переира, Димитар Јанев успеа да изедначи на 1:1. Дејан Кајсторовски постигнува погодок за комплетен пресврт и предност на Македонија од 2:1. Франција преку Тео Рејнад израмнува на 2:2. Истиот играч постигнува нов погодок за предност од 3:2..

Во продолжението од натпреварот Пауло Базилио Переира постигнува втор гол за предност на противникот од 4:2. Траоре Нама го зголемува резултатот на 5:2. Рамадани Јакуп го намали резултатот и ги постави конечните 5:3.

Втората средба се игра денеска од 19. часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни