Поврзете се со нас

Македонија

Футсал репрезентацијата не успеа и вторпат да ја изненади Србија

Објавено

на

Македонската футсал репрезентација загуби од Србија (1:6) во квалификациите за Европското првенство, не успевајќи да го повтори подвигот кој го направи пред неколку дена против истата селекција.

И вечерва избраниците на селекторот Васко Скендеровски имаа одличен почеток и поведоа со голот на Исмаили во 10. минута, но тоа беше и најдобриот дел од средбата за нашите репрезентативци.

Само двесетина секунди подоцна, Пршиќ израмни од пенал, а во 13. минута Србија направи целосен пресврт со погодок кој е запишан како автогол на Петровиќ.

До крајот на полувремето Србија водеше со 1:4, а во вториот дел, македонската селекција се обиде да направи притисок со игра без голман, но тоа донесе два лесни гола за гостите, кои ги поставија конечните 1:6.

По ремито во Врање и поразот во Скопје, Македонија остана на 2 бода во групата и се оддалечи од посакуваниот пласман на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни