Поврзете се со нас

Олимписки игри

Фурние го откри рецептот за победата над САД: Индивидуално се подобри, ама…

Објавено

на

Селекцијата на Франција направи изненадување и славеше над Соединетите Американски Држави со 83-76 во рамките на првото коло од групната фаза на Олимписките Игри во Токио.

Французите одиграа борбено, ангажирано низ сите 40 минути, не се откажаа во ниту еден момент, а нивен лидер и најдобар стрелец беше Еван Фурние кој даде 28 поени. Ова за „триколорите“ беше прва победа над САД на еден ваков настан, победа за која коментар имаше токму нивниот херој и најдобар играч на натпреварот.

-Имам поинаква улога (во споредба со НБА). Тимот сака да давамкошеви. Морам да бидам поагресивен, да го барам кошот. Кога бев во Бостон, играв со Тејтум, Браун и сите овие момци, па ова беше друга улога. Јас во тој режим на поени, мора да бидам агресивен исто како и останатите НБА играчи, треба да им го покажеме патот на момците што играат во Европа, како да играат со овие момци.

-Како прво, треба да се натпреварувате со нив. Тоа е најважната порака. Мораме да им покажеме на овие момци дека нема да отстапиме и они се исти како нас. Индивидуално се подобри, ама можат да бидат победени како тим, -порача Фурние кој веќе со години игра во НБА лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни