Поврзете се со нас

Свет

Фуриозно второ полувреме: Холандија ја разби Канада во Ротердам (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/OnsOranje

Репрезентацијата на Холандија ја разби Канада со 4-0 на пријателскиот меч кој вечерва се одигра во Ротердам.

Пред двете селекции се два големи турнири, едните ќе настапат на Европското првенство, другите на Копа Америка, а ако се суди по играта и резултатот Канаѓаните треба и тоа како да бидат загрижени.

Интересно е тоа што сите погодоци паднаа во вториот дел, серија која започна со погодокот на Депај во 50 минута на асистенција на Фримпонг.

Токму фудбалерот на Леверкузен беше автор на вториот погодок во 57 минута за да во 63 веќе биде 3-0 благодарение на некогашниот член на Манчестер Јунајтед, Вегхорст.

Шоуто на избраниците на Куман заврши во 83 минута кога стоперот Ван Дајк со глава ја затресе мрежата на Канаѓаните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни