Поврзете се со нас

БИБЛ лига

Фуриозниот ТФТ со втора победа се враќа од Бугарија

Објавено

на

ТФТ Скопје вчера му го нанесе првиот пораз на Академик Пловдив во БИБИ лигата, а во период од 24 часа, тимот од Тафталиџе ја оствари и втората победа во Бугарија.

Со оглед на противникот кој го имаа, кошаркарите на ТФТ останаа во Бугарија и денеска, па сега и дефинитивно ќе се вратат со две победи откако славеа и над Берое.

ТФТ беше ефикасен и полетен во нападот како и вчера против Академик, а добрата реализација на акциите беше пресудна за уверливата победа од 86:96.

За тимот од Скопје ова е трета победа во регионалното натпреварување, но со втората во низа се искачи на второто место во својата група, потиснувајќи го токму денешениот противник.

Добрата колективна игра на ТФТ резултираше дури шест играчи да имаат двоцифрен ефект во поени, од кои најефикасен беше Харис со 16, додека Маслинко, Бродвеј и Костоски уфрлија по 15.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни