Поврзете се со нас

АТП

Фуриозниот Медведев закажа финале со Ѓоковиќ во Мелбурн

Објавено

на

Русинот Данил Медведев е противникот на Новак Ѓоковиќ во големото финале на првиот грен слен во оваа календарска година Австралија Опен.

Медведев во денешната полуфинална пресметка против Стефанос Циципас потврди дека е во извонредна форма и со 3-0 во сетови (6-4, 6-2, 7-5) дојде до 20. победа во низа. Данил беше доминантен во пресметката со Циципас кој во претходно коло да не заборавиме со епски пресврт славеше над Рафаел Надал со 3-2 во сетови.

Светскиот рекет број четири имаше 46 винери, 21 неизнудена грешка и освои дури 88 проценти од поените на прв сервис (49/56) со што дојде до 20 триумф во серија, серија во која добиено 12 играчи од Топ 10 листата.

Следен предизвик за Медведев е Ѓоковиќ против кого има негативен учинок од 3-4 во меѓусебните пресметки. Само да потсетиме Ноле нема загубено финале во Мелбурн има перфектни 8-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни