Поврзете се со нас

АТП

Фуриозниот Ѓоковиќ загуби само десет гејма во воведните две рунди на Ролан Гарос

Објавено

на

Идентично како во првото коло на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ славеше и во втората рунда на тенискиот грен слем во Париз, препуштајќи му на противникот само пет гејма.

Светскиот рекет број еден веќе нагласи дека условите за игра му одговараат највеќе и негов план е да стигне до втора титула во Франција, па со оглед на прикажаното по две одиграни кола, може да се надева на највисок дострел.

Откако на стартот го преслуша Имер, Новак денеска не му даде никаква шанса и на Литванецот Беранкис, кој мораше да се изнамачи за секој освоен гејм во мечот.

Новак беше несопирлив и со убедливи 6:1, 6:2 и 6:2 многу брзо си ја одработи задачата за пласман во третото коло, рунда во која ќе игра против Галан Риверос кој со 3:0 го совлада Тенис Сандгрен.

Од фаворитите денеска, Григор Димитров и Карен Хачанов остварија сигурни победи, додека Шаповалов загуби во драма со пет сета од Карбалјес Баена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни