Фуриозната Ѓорческа обезбеди место меѓу осумте најдобри во Анталија

lina udar

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Анталија, Турција кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Ѓорческа како прва носителка и одржа вистинска лекција на Џени Дуерст од Швајцарија притоа препуштајќи и само два гејмови. Средбата треаше точно 50 минути, а противничката на тетовката дојде до своите поени на натпреварот во првиот сет (6-2, 6-0).

Нареден противник на Македонката е 18-годишната Екатерина Рејнголд од Русија.

Facebook Коментари