Фуриозен старт за Халеп и Вознијацки во Сингапур

halep

Првиот и шестиот светски рекет, Симона Халеп и Каролин Вознијацки имаа убедлив старт на завршниот ВТА турнир што се одржува во Сингапур.

Прво Халеп славеше над Каролин Гарсија со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-2 за 87 минути игра со што поведе со 3-1 во меѓусебните дуели. Во истата таа црвена група потоа на теренот излезе Вознијацки и тоа на пресметка против дебитантот на овој настан Елина Свитолина која едноставно се загуби и освои само два гејма (6-2, 6-0) за 58 минути.

Каролин влезе во дуелот со негатива од 3-0 во натпреварите против оваа противничка, но тоа за тенисерката од Данска како да беше дополнителен мотив, па на теренот и одржа лекција на Украинката.

-Играв екстремно добро, среќна сум што вака заврши првиот меч. Се обидов да останам агресивна, да ги барам моите ударите, се фукционираше како што треба, -рече Вознијацки.

Facebook Коментари