Фуриозен старт на ПСЖ, Веа постигна бизарен погодок (Видео)

psz slavje

Составот на Пари Сен Жермен ја оправда фаворитската улога и ја обезбеди првата лигашна победа во новата натпреварувачка кампања.

На „Паркот на принцовите“ беше рутински преслушан тимот на Каен со 3-0 во првиот натпревар на Џиџи Буфон и германскиот стратег Томас Тухел во француската престолнина. Нејмар и Рабио во првиот дел го најавија триумфот со голови во 10 и 35 минута, а точка на сите дилеми стави талентираниот Веа во 89 минута кога беше максимално упорен и успеа со топката да влезе во голот, односно да ја искористи грешката на голманот Самба.

Facebook Коментари