Поврзете се со нас

Македонија

Фуриозниот Пелистер му го нанесе првиот пораз на Работнички

Објавено

на

Пелистер оствари голема и убедлива победа (81:105) на гостувањето кај Работнички и останува единствена екипа со перфектен скор во македонското кошаркарско првенство.

Битолскиот состав стартуваше фуриозно и го доби првиот период со 17:34, а победата ја најави откако на полувремето веќе водеше со 36:59.

Таа негатива беше преголем залак за Работнички, кој во продолжение успеа да го добие само третиот период со 22:20, но тоа беше далеку од доволно за пресврт во „Кале“.

На крајот, „зелено-белите“ ја надминаа и границата од 100 поени за конечни 81:105, а најефикасни биле Трајковски со 26 и Малешевиќ со 20 поени.

Кај Работнички, Балмазовиќ реализирал 32 поени, но тие беа недоволни за победа на скопскиот тим.

За Пелистер ова е шеста победа од исто толку одиграни натпревари, додека Работнички го доживеа првиот пораз во петтиот одигран натпревар сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни