Поврзете се со нас

Репрезентација

„Фуријата“ фуриозно против Македонија на медитеранските игри

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз на Медитеранските игри во Алжир.

Избраниците на Кире Лазаров загубија од моќната Шпанија со убедливи 31:22 со што драстично си ги намалија шансите за пласман во полуфиналето.

По одличниот старт на натпреварувањето и високата победа над Грција, Македонија ремизираше со домаќинот Алжир пропуштајќи шанса да победи затоа што во финишот не реализираше удар од седум метри.

Денеска дојде високиот пораз од Шпанија, а во групната фаза ќе се соочиме само уште со Турција во текот на утрешниот ден.

Што се однесува до натпреварот, повторно најефикасен беше Мартин Серафимов со осум постигнати погодоци, додека кај Шпанците расположени беа Фернандез, Хименез, Одриозола и Серано со по четири голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни