Поврзете се со нас

Англија

Фулам преку пенали се спасуваше од пораз против Ипсвич (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/IpswichTown

Фулам е екипа која ретко губи во оваа сезона и има доживеано помалку порази од екипи како Манчестер Сити, Њукасл, Тотенхем, Астон Вила, Манчестер Јунајтед…, но кога треба да се победи и да потврди статусот на фаворит не е лесно и доказ за тоа е денешниот резултат против Ипсвич.

Избраниците на Марко Силва важеа за фаворити на хартија, меѓутоа мораа да се задоволат само со бод во средбата на која се спасуваа од негативен резултат.

Смодикс донесе водство за Ипсвич во 38 минута, предност која беше активна до 69 минута кога Фулам со првиот пенал на Хименез дојде до 1-1.

Гостите експресно возвратија и со погодокот на Делап од 11 метри дојдео до нова предност во 71 минута. Домаќините во 91 минута одново се изборија за најстрога казна, Хименез повторно ја зема топката и стрелаше за конечни 2-2.

Фулам со 30 бода е 9-ти, Ипсвич со 16 поени е на 18 позиција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни