Поврзете се со нас

Англија

Фулам одбил и подобрена понуда од Баерн за португалска ѕвезда

Објавено

на

Foto:x.com/FulhamFC

Раководството на Фулам го чувствува притисокот поради интересот на Баерн Минхен за еден фудбалер на премиерлигашот, но барем засега успева да одолее на атрактивните понуди од Германија.

Новиот тренер Венсан Компани е упорен да го ангажира Жоао Палиња, но Фулам барем засега не попушта, а во прилог му оди и фактот што Португалецот има уште четири години од договорот без откупна клаузула.

Компани добил поддршка од директорите на Баерн во врска со трансферот на Палиња и германскиот великан е подготвен да плати една од највисоките трансфер суми за играч на негова позиција, но се уште не може да го убеди Фулам на компромисно решение.

Проблем за Баерн може да биде и фактот што за истиот фудбалер се интересираат и клубови како Барселона и Манчестер Јунајтед, а бундеслигашот еднаш веќе испушти можност да го ангажира Палиња во финишот на претходниот летен преоден рок.

Палиња во моментов е дел од португалската репрезентација, со која ќе учествува на ЕП во Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни