Поврзете се со нас

Англија

Фулам купи играч на Арсенал и го урна својот клупски трансфер рекорд (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FulhamFC

Емил Смит Роу и Букајо Сака внесоа неверојатна свежина во првиот тим на Арсенал пред три години и предизвикаа возбуда меѓу навивачите на клубот, но овој двоец од денеска и дефинитивно е раздвоен поради операцијата која беше комплетирана со уште еден лондонски клуб.

Фулам го одврза ќесето и испорача трансфер рекорд со ангажманот на Смит Роу, издвојувајќи импресивни 27 милиони фунти, со тоа што можат да бидат исплатени уште седум во вид на бонуси.

Вкупната висина на трансферот треба да достигн 34 милиони фунти, а тоа дефинитивно е најскапата операција која ја комплетира Фулам како клуб.

Смит Роу беше миленик на Микел Артета и фановите на Арсенал, но сепак „десетката“ се соочи со многу повреди и потоа го загуби првото место во тимот.

– Емил дојде од школата и ни помогна во период кој беше многу тежок за клубот. Неговото однесување на тренинзите секогаш беше на највисоко ниво. Тажен сум што си оди, но и среќен што добива нова прилика во оваа фаза од кариерата. Во овој период, мора да добива редовно шанса и да биде на теренот. Емил е сакан од сите во клубот и сите му посакуваме се најдобро, – изјави Артета.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни