Англија
Фулам го слави Лено, Манчестер Јунајтед елиминиран на пенали во ФА купот (Видео)

Манчестер Јунајтед загуби на пенали од Фулам во ФА Купот и остана без уште една можност за евентуален трофеј под водство на Рубен Аморим.
Домашниот тим на „Олд Трафорд“ не успеа да го добие осминафиналниот дуел на кој имаше и негатива, и тоа откако Баси донесе предност за гостите од Лондон во првото полувреме.
Капитенот Бруно Фернандеш донесе израмнување во 71. минута и го врати натпреварот на почеток, но Јунајтед не успеа да комплетира пресврт и по 1:1 за 120 минути, на ред дојдоа пеналите.
Двете екипи тргнаа добро, а прв кој не реализираше беше Линделоф за домашниот состав, за една серија подоцна, Бернд Лено да го одбрани пеналот и на Џошуа Зиркзе и на тој начин да го најави големото славје за Фулам, кој си обезбеди виза за четвртфиналето на најстарото англиско натпреварување.
Головите и пенал серијата можете да ја видите ТУКА
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!