Поврзете се со нас

Англија

Фулам го исмеваше „глумецот“ Бруно, Тен Хаг се налути: Треба да се извинат за објавеното видео

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Фулам е последниот тим кој оствари победа на „Олд Трафорд“ оваа сезона и кој се врати со три бода од домот на „ѓаволите“, а составот од Лондон навистина знаеше како да се израдува на триумфот од 1:2.

Избраниците на Марко Силва се покажаа како крајно незгодни за фаворитот и сосема заслужено остварија победа, но начинот на кој ја прославуваа истата отиде до граници кои не се баш вообичаени за англиските премиерлигаши.

Фулам реши да му фаќа сеир на Бруно Фернандеш преку социјалната мрежа Тик-Ток и објави видео кое го става Португалецот во непријатна ситуација, бидејќи преку истото се доловува дека глумел повреда.

– Многу ни е мило што е добро…., – гласи ироничната објава на Фулам со која се исмева капитенот на Јунајтед.

Ваквиот потег на клубот донесе доста реакции на социјалните мрежи, но со реакција се јави и менаџерот Ерик Тен Хаг.

– Навистина не знаев дека постои такво видео. Сметам дека тоа што го направиле не е во ред, не е нормално еден клуб да испраќа таква порака. Треба да се извинат за објавеното видео, – порача Тен Хаг.

@fulhamfc So glad he’s ok… 🙄 #fulhamfc #premierleague #brunofernandes ♬ sonido original – ♫ ♪ 𝒴𝒶𝓃𝒿𝓊𝓁𝓂𝒶𝓇𝓉 ♫ ♪

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни