Поврзете се со нас

Европски купови

Фуксе Берлин покажа сила, лошата одбрана кобна за Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Ларс Валтер и Жарко Пешевски веруваа во добар резултат против Фуксе Берлин и добра шанса видоа во заморот на Германците, но такво нешто не видовме оваа вечер во Битола и лидерот во Бундеслигата покажа дека е далеку поквалитетен тим во овој момент.

Фуксе Берлин брилјира со своите настапи во најсилната ракометна лига во светот, но иако се веруваше дека ќе се чува за Рајн Некар, денеска оствари многу висока победа на гостуваето во Македонија.

Ракометниот вицешампион од нашата земја водеше само во воведот од мечот со резултат 2:1 и 3:2, по што следеше целосна контрола од страна на Германците, кои на крајот остварија лесен триумф.

Тимот од Берлин на полувреме имаше предност од осум гола (14:22), што беше добра најава за победа во која постигнаа уште 21 гол во второто полувреме.

Со таква одбрана и толку примени гола, јасно е дека нема што да се бара против квалитетен тим како Фуксе, па пелистерци претрпеа пораз од 34:43.

Како што вети, Пешевски даде се од себе и беше најдобар поединец во македонскиот тим со осум погодоци, шест постигна Радовиќ, а еден помалку Танкоски. Најдобар поединец на паркетот беше Вујовиќ кој со своите девет гола го предводеше Фуксе до лесен триумф во ракометната Лига на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни