Поврзете се со нас

Италија

Фудбалско наследство: Историја за семејството Малдини на натпреварот против Израел (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Даниел Малдини доби повик од Лучијано Спалети и веднаш почнаа да се прават претпоставки за тоа што може да се случи во октомврискиот циклус во Лигата на нации, а најавите се обвистинија откако селекторот реши да му даде шанса на фудбалерот на Монца во вториот дел.

Налседникот на славното семејство Малдини доби шанса од Спалети во 73-та минута од мечот во Удине, а неговото учество на натпреварот против Израел испиша неверојатна италијанска историја.

Семејството Малдини остава наследство какво што не се памети во историјата на италијанскиот фудбал, бидејќи за првпат се случува трет член од исто семејство да заигра за репрезентацијата.

По неговиот дедо Чезаре и неговиот татко Паоло, Даниел Малдини дочека шанса да го облече светиот дрес, а тоа го направи 22 години по последниот настап на поранешниот капитен на Милан.

Италија вечерва славеше над Израел со резултат 4:1, а головите ги постигнаа Ретеги, Фратези и Ди Лоренцо (два).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни