Поврзете се со нас

Лига Европа

Фудбалско лудило на „Луж“: Отаменди и Гонкалвеш се глупираа, Бенфика се врати „од мртвите“ (Видео)

Објавено

на

Натпреварот меѓу Бенфика и Ренџерс беше убедливо највозбудлив и најтрактивен од дуелите кои се одиграа во 19:00 часот, не само поради шесте постигнати гола, туку и поради начинот на кој „лисабонските орли“ се изборија да не претрпат втор пораз во низа по оној од Боависта.

Отаменди направи глупост и заработи директен црвен картон во 19-та минута, пет минути подоцна Гонкалвеш си постигна неверојатен и ефективен автогол. Веќе следната минута, Камара направи комплетен пресврт откако претходно Бенфика поведе во 2-та минута, по што се чинеше дека гостите од Шкотска ќе имаат лесна задача.

Работите беа уште подобри за нив кога Морелос погоди за 1:3 на стартот на вториот тим, но избраниците на Жесус покажаа неверојатен карактер и со играч помалку се вратија во завршницата.

Рафа Силва намали на 2:3 во 77-та минута, а во судиското надополнување, на сцена стапи најголемиот талент кој го најавуваше тренерот Жесус.

Дарвин Нуњез прими топка во празно во 91-та минута и без големи проблеми го матираше противничкиот голман за конечни 3:3 во лудата пресметка на стадионот „Луж“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни