Поврзете се со нас

Италија

Фудбалските патишта носат чудни сценарија: Новиот тренер на Милан ќе дебитира против својот син

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

Серхио Консеисао до пред само неколку месеци го тренираше својот син Франсиско во Порто, но откако двајцата си заминаа од „Драгао“, никој не можеше да претпостави дека набрзо ќе станат ривали на фудбалскиот терен.

Талентираното крило изминатово лето направи трансфер во Јувентус и веќе се избори за перманентен престој во Торино, а судбината сега посака неговиот татко исто така да пристигне во Италија, но за да биде тренер на ривалот Милан.

„Росонерите“ го пикираа Консеисао како идеална замена за Пауло Фонсека и ова попладне Португалецот треба да пристигне во Милано, по што многу брзо ќе треба да се фати за работа.

Милан во најбрз можен рок по пристигнувањето на Консеисао ќе треба да се екипира и да се подготви за долго патување, по кое искусниот стрчуњак ќе го подготвува новиот тим за пресметка против тимот во кој игра неговиот син.

Серхио ќе дебитира во Милан на натпревар во кој за ривал ќе го има својот син Франсиско, бидејќи полуфиналето во Суперкупот во Ријад носи пресметка меѓу Милан и Јувентус.

Натпреварот е закажан за 3-ти јануари, а ден порано својот натпревар ќе го одиграат Аталанта и Интер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни