Поврзете се со нас

Германија

Фудбалски трилер во Минхен: Арминија го предизвика светскиот шампион со три гола, Баерн не победи (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен се врати со светската титула од Катар, но акумулираниот замор и лошите временски услови во кои подобро се снајде аутсајдерот, вечерва резултираа со неочекуван кикс за тимот на Ханси Флик.

Фудбалските вљубеници во Бундеслигата беа сведоци на вистинска голеада на „Алијанц арената“, бидејќи Баерн Минхен и Арминија Билефелд си разменија по три удари, а во таква ситуација, никој не победи и бодовите беа поделени.

Натпреварот започна со големо снежно невреме и теренот беше облеан со бела покривка, а во услови кога се играше со портокалова топка, подобро се снајдоа гостите кои во првите 45 минути постигнаа два гола преку Влап и Пипер.

Баерн Минхен веднаш постигна гол преку Левандовски на стартот на вториот дел, но во следната акција, светскиот првак одново имаше два гола негатива, откако Фоглсамер одлично го проигра Гебауер кој немаше проблеми да ја затресе празната мрежа. Фаворитот одново се стави во ситуација да брка два гола, а иако доста брзо ги достигна и ја неутрлираше негативата со погодоците на Толисо (57-ма) и Дејвис (70-та минута), сепак не успеа да направи комплетен пресврт.

Арминија се бранеше во последните 20 минути и успешно се одбрани, па со тоа освои голем бод во битката за опстанок во Бундеслигата. Од друга страна, Баерн загуби планирани два бода, па сега има пет повеќе од второпласираниот Лајпциг на првенствената табела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни