Поврзете се со нас

Свет

Фудбалски срам во Париз: Маркињос не можеше да поверува што доживува на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Објавено

на

Пријателскиот меч меѓу Бразил и Тунис се играше во Париз, но очигледно беше дека најголем дел од присутните беа Тунижани и тоа направи да видиме срамни сцени на „Паркот на принцовите“.

Фудбалски гледано, Бразилците им одржаа лекција на ривалите и ги декласираа во секој сегмент од оваа игра, постигнувајќи дури пет гола во мрежата, од кои четири во период од 30 минути.

Бразил водеше 4:1 по 45 минути игра и во прв план беше ударното трио Нејмар-Ришарлисон, Рафиња, но во овој дел видовме и еден гол за Тунис, но и црвен картон. Стоперот Брон намерно го фаулираше Нејмар и заслужено доби директено исклучување, но ова за жал не беше најсрамната сцена од оваа средба.

Маркињос како капитен на ПСЖ не можеше да поверува дека гледалиштето на „Паркот на принцовите“ ја исвиркува химната на Бразил за време на интонирањето на истата, но уште полоша сцена беше онаа по голот на Ришарлисон.

Ѕвездата на Тотенхем го постигна голот за 2:1, по кој беа фрлани предмети, но и банана кон бразилските фудбалери, што јасно алудира на расистичко омаловажување, нешто што за жал не е никаква новост во француската престолнина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни