Поврзете се со нас

Англија

Фудбалски срам во Англија: Бамфорд постигна гол со рака и контроверзно славеше, судиите не го поништија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LUFC

Лидс Јунајтед влезе во фантастична серија на резултати и со шестата победа во низа се искачи на третото место, па сега е во многу добра позиција за враќање во Премиер лигата.

Тимот од „Еланд Роуд“ води битка со Саутемптон за директен влез во елитното друштво во ситуација кога Лестер е неприкосновено прв во Чемпионшип, но последната победа над Ротерам донесе една „црна дамка“ за која зборува цела Англија.

Лидс беше апсолутен фаворит во дуелот со Ротерам и славеше со 3:0, но начинот на кој поведе направи цела англиска јавност да се засрами од фактот што нема ВАР во Втората лига.

Чемпионшип важи за најбогата втора фудаблска лига во светот, но и натаму не се применува ВАР и тоа прави да се гледаат грешки како онаа овој викенд.

Патрик Бамфорд постигна гол со рака за водство на Лидс, а напаѓачот не се срамеше од тоа и дури контроверзно славеше покажувајќи го својот лакт. Судиите не го видоа овој момент и погодокот беше запишан во официјалниот записник, но овој гол отвори дебата во англиската јавност која на големо бара што побрза имплементација на видео асистенција и во Втората лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни