Поврзете се со нас

Англија

Фудбалски раритет: Сон ги погоди двете стативи со еден шут кон голот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем направи важен пресврт и се искачи на четвртото место на табелата во Премиер лигата, а најзаслужен за тоа е Хеунг Мин Сон кој погоди за победа против Лутон.

Кореецот претрча 80 метри и извонредно ја испрати акцијата по која „петлите“ го комплетираа пресвртот, но претходно во првиот дел беше режисер и на најлудата ситуација.

По голот на Чонг во 3-та минута, Тотенхем се ориентираше на целосна офанзива и направи притисок пред голот на гостите, а најзрелата шанса во првиот дел ја имаше токму Сон.

Напаѓачот со еден шут ги погоди двете стативи и немаше воопшто среќа во дадената ситуација, а гол не постигна ниту Сар кој биеше во еден од играчите на гол линијата.

Тоа што не го реализираа во првиот дел, успеаја да го материјализираат во второто, па Тотенхем со два гола направи пресврт и победи со 2:1 (Каборе автогол и Сон).

Необичната ситуацијата погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни